Emre Gürkan Abay
07 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин го одобри проектот „Турски тек“ за природен гас, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјалната одлука на руската Влада објавена на еден руски веб-сајт, Путин го потпиша договорот меѓу турската и руската Влада за изградба на проектот „Турски тек“.
Турскиот Парламент го одобри овој договор на 2 декември минатата година, а Думата односно Долниот дом на рускиот Парламент тоа го направи на 20 јануари годинава.
Советот на Федерацијата го одобри договорот на 1 февруари.
Договорот меѓу турската и руската Влада за гасоводниот проект „Турски тек“ беше потпишан на 10 октомври минатата година.
Во рамките на проектот се планира изградба на две гасоводни линии, секоја со капацитет од 15,75 милјарди кубни метри.
Се очекува преку првата гасоводна линија да се доставува гас до Турција, додека пак преку втората линија би се доставувал природен гас до Европа, доколку за тоа бидат обезбедени потребните гаранции.