Said İbicioğlu
10 Август 2018•Ажурирај: 11 Август 2018
ГАЗА (AA) - Во текот на масовните демонстрации Големиот марш за враќање, кои се одржани денеска на границата на Газа, убиен е медицинар кој волонтираше на ова подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Во медицинарот пукаа израелските војници.
Во текот на масовните демонстрации Големиот марш за враќање, во интервенција на израелските војници повредени се 25 Палестинци.
Израелските војници интервенираа со боева муниција, а гласноговорникот на Министерството за здравство Ешреф ал-Кудра потврди дека се ранети 25 Палестинци. Истакна дека едно младо машко лице е во критична состојба.
Палестинците од 30 март, Денот на земјата, на границата на Израел и Појасот Газа го организираат „Маршот за враќање". Од огаш до денеска загинаа 158 лица, а ранети се повеќе од 17.000.
Израелските војници, од друга страна, користат боева муниција против цивилното население кое бара враќање на територијата од кое е протерано и укинување на опсадата на Газа воведена во 2006 година".