Mümin Altaş
10 Август 2018•Ажурирај: 11 Август 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ероган, телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Од извори блиски на Кабинетот на претседателот на Турција, се дознава дека Ердоган со Путин разговарал за билатералните односи, како и за регионални теми.
Во текот на разговорот, двајцата соговорници изразиле задоволство поради следењето на многу позитивниот тренд на полето на економската и трговската соработка на двете земји, како и поради соработката во областите на енергетиката и одбранбената индустрија.
Ердоган и Путин се осврнаа и на ситуацијата во Сирија и процесот во Астана.