Ivana Ramadanova
01 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во просториите на Вила Водно ги прими членовите на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев, јавува Anadolu Agency (AA).
Иванов на сите поединечно им го честита изборот и им посака успешна работа.

Доцна синоќа, Собранието на Република Македонија ја избра новата Влада на Република Македонија која ќе ја предводи Зоран Заев, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).