İlkay Guder
16 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Од турски владини извори се дознава дека премиерот на Турција, Бинали Јилдирим остварил телефонска разговор со првиот заменик-претседател на Иран, Исхак Џихангири, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на разговорот се дискутирало за билатералните односи, а особено станало збор за последниот развој на настаните во Алепо и во регионот.
Премиерот Јилдирим истакнал дека е потребно односите меѓу двете земји на секое поле да се издигнат на повисоко ниво, да се развие соработката со Иран и двете земји да го дадат својот придонес за поголема регионална безбедност и просперитет.
Премиерот Јилдирим истакнал дека е започната евакуацијата на Алепо, но дека за време на евакуацијата имало напади насочени кон цивилите. Турскиот премиер пренел дека состојбата на цивилите во Алепо е загрижувачка, и дека и во тие рамки, потребно е евакуацијата од градот да се изврши без проблеми. Исто така, Јилдирим рекол дека Турција е подготвена да направи сѐ што е во нејзина моќ за да ја овозможи испораката на хуманитарна помош во подрачјето.
Премиерот Јилдирим истакнал дека е сигурен оти Иран ќе ги спроведе неопходните иницијативи за да може евакуацијата да се спроведе без проблеми, и дека Турција е подготвена на соработка со Иран по тоа прашање.
Посакуваме процесот на евакуација да се одвива без проблеми
Првиот заменик-претседател на Иран, Џихангири, изразил сочуство до премиерот на Турција Јилдирим во врска со терористичкиот напад што минатата недела се случи во Истанбул, истакнувајќи дека Иран силно ја поддржува борбата на Турција против тероризмот. Исто така, тој додаде дека иранските и турските влади ќе продолжат да соработуваат.
Џихангири изјави дека и тој лично посакува периодот на евакуација од Алепо да се одвива без проблеми и на тоа поле ќе продолжат да соработуваат со Турција. Исто така посочи дека зголемувањето на соработката меѓу Иран и Турција ќе биде од корист и за регионот, за што се согласуваат со премиерот на Турција, Јилдирим.
Јилдирим и Џихангири се согласиле дека во иднина ќе воспостават близок политички дијалог и ќе ги продолжат контактите на високо ниво.