Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
16 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес ја повика ЕУ да биде искрена, да дејствува стратешки и да се воздржи од повторувањето на грешките од минатото, со цел понатамошно развивање на односите со Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференцијата со неговиот словачки колега Иван Корчок во Анкара, Чавушоглу ги коментираше односите меѓу Турција и ЕУ, велејќи дека преговорите меѓу Турција и ЕУ се засноваат на политички мотиви.
„Ние заминавме само со договорот за миграција и кога ќе го погледнеме, јасно е дека Турција ги има исполнето сите свои обврски во контекст на овој договор од 2016 година. ЕУ не ги исполни, не можеше и не сакаше да ги исполни нејзините обврски“, рече Чавушоглу.
Нагласувајќи дека ЕУ во текот на изминатата година зазела став целосно против Турција со разбирање на солидарноста во Блокот на сметка на спротивставување на нејзините вредности, тој рече дека ЕУ „мора да ги поддржува нефер политиките и максималистичките барања на нејзините земји членки“.
Чавушоглу потсети на лидерскиот самит минатиот декември и рече дека има позитивна атмосфера меѓу турските претставници и претставниците на ЕУ.
„За односите меѓу Турција и ЕУ понатаму да се развиваат, ЕУ мора да се воздржи од повторување на грешките од минатото, да биде искрена и да дејствува стратешки“, додаде тој.
Словачкиот министер за надворешни работи ги поздрави билатералните односи со Турција, изразувајќи волја за натамошно продлабочување на односите.
„Турција е важен сојузник во НАТО. Не само партнерство, туку постои и многу важен сојуз меѓу Турција и Словачка“, рече Корчок.