Handan Kazancı
16 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Турција денес потврди дека Анкара нема да ја признае „де факто состојбата“ во Крим, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Автономната Република Крим на Украина беше анектирана од страна на Руската Федерација, врз основа на нелегитимниот референдум одржан пред седум години“, се соопштува од Министерството за надворешни работи на Турција.
Нагласувајќи дека моменталната состојба на Крим „претставува кршење на меѓународното право“, Министерството ја потврди поддршката на Турција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
„Во оваа пригода, уште еднаш ја нагласуваме важноста што ја придаваме на безбедноста, благосостојбата и заштитата на културниот идентитет на кримските татарски Турци, кои се меѓу конститутивните луѓе на Крим“, се вели во соопштението.
Исто така се додава дека Анкара ќе продолжи внимателно да го следи развојот на настаните на Крим.
Во 2014 година, Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим, потег што меѓународната заедница, вклучувајќи ги Турција и ОН, го сметаат за незаконски.