Abidin Mutlu Bozdağ
15 Март 2021•Ажурирај: 16 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција вчера со вкупниот број летови изведени на дневно ниво се најде на првото место во Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вчерашниот извештај за сообраќајот на летовите на Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (EUROCONTROL), на првото место на листата, со просек од 1.340 летови се најде Турција, по која следува Франција со 1.211 летови.
На третото место на листата со 1.165 летови се наоѓа Германија, четврта е Шпанија со 1.073, на петтото место со 895 летови се наоѓа Велика Британија, додека на шестото место со 696 летови се најде Италија.
Според овој извештај, во Турција поголемиот број летови се во внатрешниот сообраќај и се забележува јасно зголемување на бројот од летови на дневно ниво, а во Франција, Германија и Швајцарија се забележува пад на дневното ниво во споредба со претходниот извештај.