Gözde Bayar
16 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, утринава ги објави стапките на заразени со новиот коронавирус за 81 турски области во периодот од 6 до 12 март, како дел од новата иницијатива за неделни статистички податоци за Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нормализацијата може да биде возможна со следење на мерките“, напиша Коџа на Твитер, споделувајќи ја статистиката.
Бројот на случаи на 100.000 жители е 178 во метрополата Истанбул, 68 во главниот град Анкара и 78 во западната област Измир.
Според податоците, турската област Самсун покрај Црното Море има најголем број случаи, 458 на 100.000 лица.
Југоисточните области Батман, Ширнак, Сирт, Шанлиурфа и Хакќари имаат најмала стапка на инфекција со Ковид-19 на 100.000 жители.
До вчера во Турција се регистрирани над 2,89 милиони случаи, 29.552 смртни случаи од Ковид-19 и над 2,71 милиони оздравени лица.
Турција започна масовна кампања за вакцинација против Ковид-19 на 14 јануари, почнувајќи од здравствените работници и највисоките државни функционери за да се зголеми довербата на јавноста во вакцините.