Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
16 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
БОГОТА (АА) - Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.057 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 279.286. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 36.239, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 11.519.609.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а се наоѓа на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 10.111.954 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 234 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.439 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 194.944 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.167.729, а досега оздравеа 1.711.931 лице позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на 3. место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 166 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 53.836. Во истиот период детектирани се 6.164 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.201.886.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.993.215 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина се наоѓа на 12. место во светот според бројот на лица позитивни на вирусот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 100 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 61.243.
Во последните 24 часа детектирани се 2.740 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.305.884. Во оваа земја досега оздравеа 2.206.210 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 174 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.422 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.418.974, од кои починаа 49.177 лица, а оздравеа над 1.329.788 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 98 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 21.772.
Во истиот период регистрирани се нови 5.117 случаи на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 896.231, а оздравеа вкупно 840.668 лица претходно заразени со коронавирусот.