Yusuf Hatip
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Уставниот суд на Пакистан одлучи да го суспендира премиерот Наваз Шариф поради обвинувањата за корупција во којашто, според информациите од документите познати како „Досие Панама“, биле вмешани некои членови од неговото семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот донесе пресуда и доживотна забрана за вршење на политички функции на пакистанскиот премиер Наваз Шариф, а разрешен е и министерот за финансии, Мухамед Ишак Дар.
Судијата на Уставниот суд на Пакистан, Ејаз Афсал Хан, на денешната прес-конференција изјави дека петчлениот судски совет едногласно донесе одлука во врска со забраните кон премиерот Наваз Шариф и министерот за финансии Мухамед Ишак Дар.
„Премиерот на Пакистан не се однесуваше фер кон Парламентот и судот и тој веќе не е достоен за позицијата премиер“, изјави Ејаз Афсал Хан.
Тој најави и дека ќе биде отворена судска постапка против три деца на премиерот и еден работник.
Наваз Шариф е роден во 1949 година, а ова му беше трет мандат како премиер на Пакистан.