Fatih Hafız Mehmet
15 Јули 2018•Ажурирај: 16 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Директните очевидци на неуспешниот обид за државен удар, кој се случи на 15 јули во 2016 година, со Anadolu Agency (AA) гo споделија она што го преживеајa тој ден.
Нурула Келеш (27), во своето тело има повеќе од 15 парчиња шрапнели.
Келеш беше пред Генералната команда на жандармеријата во Анкара, за време на обидот за државен удар, кога беше погоден од бомби од воените авиони. Тој изгуби половина од својот череп, а неговата вилица бeше раздвоена. Сè уште е под терапија.
„Парчињата шрапнели што ги носам во моето тело се извор на гордост за мене“, нагласи Келеш.
Тој рече дека некои групи сè уште се обидуваат да предизвикаат нереди во Турција, и доколу претседателот Реџеп Таип Ердоган не е на власт, нацијата нема да може да пружи отпор.
Метин Доган, друг очевидец, кој лежел на земја при минувањето на тенк кај аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, истакна дека во тој момент не чувствувал страв.
„15 јули за мене значи да го дадете животот без двоумење, за нешто што многу го сакате“, рече тој.
Ахмет Акполат, снимател на телевизискиот канал „CNN Turk“ (Си-ен-ен Турк), не ја предаде својата камера на пучистите таа ноќ.
Акполат рече дека долго време се спротивставувал и не ја предал својата камера, додавајќи дека професионалната етика и начинот на кој бил воспитан, одиграле голема улога во неговиот храбар чин.
Терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.