Sena Güler
15 Јули 2018•Ажурирај: 16 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на турскиот Парламент, Бинали Јилдирим, денес истакна дека целта е да го задржат духот на националното единство присутен за време на сузбивањето на неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за новинарите, по неговата посета на шехидските гробишта „Каршијака“ во Истанбул, Јилдирим истакна: „Нашата цел е духот од 15 јули да го одржиме жив, и да го направиме трајно братството, единството и заедништвото на 81 милион луѓе.“
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 луѓе, а околу 2.200 беа повредени.
Турција денес го одбележува историскиот Ден на демократијата и националното единство со повеќе комеморации, кои се одржуваат во чест на оние кои ги загубија своите животи, спротивставувајќи им се на пучистите, и во чест на одбележувањето на храброста на нацијата.
„Ние со милост и благодарност се сеќаваме на нашите шехиди, кои посветено и доброволно ги жртвуваа своите животи на 15 јули во одбрана на нашата земја“, рече Јилдирим.
Тој додаде дека во текот на целиот ден ќе се одржуваат комеморации од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од министрите и од различни институции.
Претседателот Ердоган присуствува и на Маршот на „Мостот на загинатите херои на 15 јули“ во Истанбул.