образование, Балкан

„ИБУ, најдобриот универзитет во Северна Македонија и на Балканот“

Проф. Ердем, ректорот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) за АА говореше за работата на Универзитетот и академските студии што ќе се спроведуваат на Универзитетот во рамките на новостите што ги донесе епидемијата на Ковид-19

Dzihat Aliju  | 15.10.2021 - Обновена : 18.10.2021
„ИБУ, најдобриот универзитет во Северна Македонија и на Балканот“ Фото: Umeys Sulejman/АА

СКОПЈЕ (АА) - ЏИХАД АЛИУ -

Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Северна Македонија, проф. д-р Мехмет Дурсун Ердем, истакна дека квалитетот на образованието на Универзитетот е подобар од квалитетот на образованието во Северна Македонија и на Балканот.

Проф. Ердем, ректорот на ИБУ - Универзитет основан во 2006 година во главниот град Скопје под иницијатива на турски професори, бизнисмени и креатори на јавното мислење, за Агенција Анадолија (АА) зборуваше за работата на Универзитетот и академските студии што ќе ги спроведуваат на Универзитетот во рамките на иновациите што ги донесе епидемијата на Ковид-19.

Истакнувајќи дека ја започнале физичката настава за првпат од почетокот на епидемијата, Ердем потсети дека неодамна ја одржале церемонијата на дипломирање за последните две години на која присуствувале голем број луѓе.

Тој наведе дека Универзитетот минатата година го спровел најдобриот систем за настава преку интернет во Северна Македонија, и рече дека оваа година се префрлиле на хибридниот образовен систем со довербата која ја имаат поради вакцинацијата. Ректорот Ердем додаде дека оние што се вакцинирани, можат да присуствуваат на физичката настава, а оние кои немаат примено вакцина, наставата ќе ја следат преку интернет.

Истакна дека формирале единица за вакцинација на Универзитетот: „Поставивме звучни системи во училниците. Создадовме системи на камери и системи за паметни табли. Студентот може да се приклучи во училницата преку интернет, да поставува прашања, да ги слуша предавањата на професорот.“

Ердем нагласи дека физичкото учество на наставата е задолжително за студентите од Северна Македонија, дека нудат опции за студенти од различни земји и дека во тие рамки ги штитат студентите кои имаат хронични заболувања.

Потсетувајќи дека ИБУ го започна својот живот како образовна институција со неколку факултети и оддели, ректорот Ердем рече дека нивниот принцип е квалитетот.

Тој посочи дека Универзитетот не е целосно фондациски и нема сопственик кој зема профит, и нагласи дека надоместоците добиени од студентите и придонесите на Одборот на директори и Одборот на доверители се трошат целосно за квалитетот на образованието.

Наведувајќи дека потрошиле скоро 1 милион евра за лабораторијата на Стоматолошкиот факултет кој е отворен, Ердем рече: „Кога ќе ги земете предвид лабораториите на Балканот, ова е многу сериозна лабораторија. Можам да кажам, најдоброто во моментов, меѓу тие што се формирани. Направивме истражување и го формиравме најдоброто.“

Истакна дека имаат факултети во многу области од правни до технички науки, додавајќи дека тие ги отвориле факултетите кои нудат најдобри можности за вработување.

Ректорот Ердем рече9 дека на Факултетот за медицински науки го отвориле Одделот за акушерство и медицински сестри во партнерство со Универзитетот „Аџибадем“ во Турција: „Можам со сигурност да кажам дека квалитетот на нашето образование е навистина далеку пред образованието во Северна Македонија и Балканот. Затоа што тоа се очекува од нас. На тоа му придаваме приоритет.“

- Најдобриот универзитет во Северна Македонија -

Потсетувајќи дека според Шангајските критериуми, ИБУ е избран за најдобар универзитет во Северна Македонија, Ердем нагласи дека како универзитет со 16-годишно постоење, тие зад себе оставиле државни универзитети со 50-100 години постоење.

Објасни дека се први во Северна Македонија во Еразмус и Еразмус+ бидејќи нудат 100 проценти образование на англиски јазик, и дека, исто така, разменуваат студенти преку билатерални договори со 160 универзитети.

Ректорот Ердем посочи дека 70 проценти од студентите имаат стипендии до 100 проценти: „Не само во Северна Македонија и на Балканот, тврдам дека во светот меѓу фондациските универзитети или универзитети од наш карактер ние нудиме најмногу стипендии. Го истражував тоа. Ако се направи статистика, ќе бевме први во светот во давање стипендии.“

Потсетувајќи дека ИБУ со образованието започна со 9 студенти и дека бројката достигна околу 4.000 студенти, Ердем рече дека 40 проценти од учениците доаѓаат од Северна Македонија, 60 проценти од Америка, Централна Азија, Африка и Далечниот Исток.







На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.