Orhan Onur Gemici
15 Јули 2018•Ажурирај: 16 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили убија еден од најбараните терористи на ПКК, Мехмет Јакишир, кој е познат под кодното име „Зејнел“ и се смета за водач на оваа терористичка организација на Медитеранот, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Република Турција соопшти дека турските сили за безбедност, во антитерористичката операција на периферијата на источната турска област Ѓумушхане, убија најмалку двајца терористи на ПКК.
Во соопштението се наведува дека меѓу убиените се наоѓа и Јакишир, односно „Зејнел“, кој се наоѓаше на црвената листа на барани терористи во Турција.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, соопшти дека станува збор за терорист кој во август минатата година во Трабзон изврши свиреп терористички напад убивајќи го 15-годишното момче Ерен Булбул.
„Сега можеме во мир да се сеќаваме на Ерен Булбул. Злосторниците сега се во пеколот, а Ерен е во рајот. Им честитам на нашите полицајци кои убија двајца терористи кои подготвуваа нов терористички напад. На повредениот полицаец му посакувам закрепнување“, порача Сојлу на Твитер.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите убија најмалку 40.000 луѓе.