Gamze Türkoğlu Oğuz
29 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин соопшти дека во Сирија е постигнат договор за прекин на огнот, под гаранција на Русија и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Путин објави дека со гаранција на Русија и Турција, ќе стапи на сила прекин на огнот во Сирија.
Рускиот претседател истакна дека по прекинот на огнот ќе следат мировни средби меѓу сирискиот режим, сириската опозиција и сириските партии, кои ќе започнат во Казахстан.
Претседателот Путин не даде датум кога ќе започнат средбите во Казахстан.