Murat Karadağ
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
АНКАРА (AA) - Додека продолжуваат воздушните напади на сирискиот регион Ваер, недалеку од градот Хомс, кој е под опсада на режимските сили, опозицијата тврди дека режимот со тоа сака да го наруши четвртиот дел од преговорите во Женева, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од редовите на опозицијата наведено е дека силите на режимот и нивните сојузници константно го бомбардираат регионот Ваер, вклучувајќи и воздушни напади на цивилите и конвои на хуманитарната помош.
„Режимот сака да спречи преговорите да бидат завршени со политичко решение", пишува во соопштението, во кое исто така е упатено баррање до земјите гарантери на примирјето да направат се што е потребно.
Специјалниот претставник на Обединетите нации Стефан де Мистура пред неколку дена изјави дека Русија бараше од сирискиот режим да престане со нападите за време на преговорите во Женева.
Потсетуваме, со одделни состаноци на делегациите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и сириската опозиција со Де Мистура во Женева на 23. февруари започна четвртата рунда од мировните преговори со цел решавањето на сириската криза.