Ekipa
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
AЗАЗ (АА) - Како дел од операцијата „Маслинова гранка“, Турските вооружени сили и Слободната сириска војска го ослободија градот Булбул во близина на Африн од терористите ПЈД/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за гратче кое се наоѓа на сириско-турската граница, северно од градот Aфрин, а новинарот на АА известува дека операцијата за ослободување започнала денес напладне и дека е успешно завршена.
Булбул е првото гратче под контрола на терористите на ПЈД/ПКК, ослободено во операцијата „Маслинова гранка“ во регионот на Aфрин, а важеше за важен логистички центар на терористите на сириско-турската граница.
Турската војска и силите на сириската опозиција ја продолжија операцијата во тој регион.
Операцијата „Маслинова гранка“ во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Досега се ослободени 29 точки, вклучувајќи еден град, 21 село и седум стратешки значајни планини и ридови.
Турција се повикува на член 51 од Договорот на ОН односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година без борба ја предадоа контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на оваа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во подрачјето на Африн има околу 8 000 до 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која е на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. Од средината на 1980-те, ПКК спроведува терористичка кампања против Турција.