Rahmi Gündüz
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
ПАРИЗ (AA) – Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека со мрежите кои организирале напади во Париз и Брисел им се приближи крајот, но дека другите мрежи сеуште може да претставуваат закана, јавуваа Anadolu Agency (AA).
Оланд пред состанокот со поранешниот претседател на Израел Шимон Перес, во изјавите за медиумите зборуваше за тероризмот.
"Дојдовме до резултати врзани за сторителите на нападите во Париз и Брисел. Многу лица се уапсени и благодарејќи на тоа дознавме дека постојат други мрежи. Мрежите во Париз и Брисел се речиси уништени, но другите мрежи сеуште претставуваат закана" , рече Оланд и додаде дека се свесни за опасноста од тероризмот за Франиција.
Францускиот претседател рече дека е потребно да се реши проблемот во Сирија за да заканата од тероризмот во потполност исчезне.
Тој истакна и дека нема да биде занемарена безбедноста на надворешните граници на Европската унија (ЕУ) но дека при тоа треба да се почитуваат правата на бегалците.
Во терористичките напади во Париз кои се случија минатата година загинаа 130, а повредени се 350 луѓе. Во последните напади во Брисел загинаа 31, а рени се околу 300 лица.