СКОПЈЕ/ПРИШТИНА/ТИРАНА (АА) - Иселлувањето на младите од Македонија, Косово, и Албанија стана загрижувачка појава. Голлем дел од нив својата перспектива ја гледаат надвор од својата земја, пишува Anadolu Agency (АА).
Недостатокот на општествениот развој и немањето на перспектива се две главни причини зошто младите својата иднина не ја глледаат во својата земја туку некаде надвор, во западните земји. За ова говорат и податоците од последните истражувања спроведени во Македонија кои алармираат за потребата од изготвување на државни политики преку кои ќе се овозможи младите да останат во земјава и нивниот потенцијал да биде соодветно искористен.
- Од бројката на невработени, 50 отсто се млади луѓе -
Универзитетскиот професор Петар Атанасов , кој е вклучен во последните истражувања објавени од Прогрес институтот за социјална демократија во разговор за АА вели дека последното истражување покажува дека причините кои ги принудуваат младите да се иселуваат се неквалитетното образоваие и работните места со ниски примања, каде од 900 анкетирани, 45 отсто од нив се изјасниле дека би се иселиле од Македонија.
„Младите не го добиваат она што им треба, немаат квалитетно образование, немаат квалитетни и добро платени работни места, понекогаш нема никакви работни места и не можат да ги остварат своите соништа, својата желба за перспектива и развој на работно место, за работа со која би придонеле и за себе и за своите професионални достигнувања. Воопшто македонското општество во овој момент, не нуди добра перспектива за младите луѓе. Да не зборувам дека над 50 проценти од невработените се млади", рече Атанасов.
Државниот завод за статистика на Македонија (ДЗС) не поседува точна бројка на иселени лица од земјата. Во појаснување за АА, претставниците на ДЗС рекоа дека немањето на точна бројка се однесува на тоа дека македонските државјани кои се иселуваат тоа не го пријавуваат во земјава, поради страв дека можат да го изгубат статустот на македонски државјани кои го држат како резерва, во случај доколу не успеат да се инт во дражавата каде што одат. Официјалните бројки говорат дека во 2015 година вкупно 767 грагани се иселени од земјата.
„Процесот на иселување од Македонија е негативен затоа што малку од нив размислуваат за враќање назад, со тоа што Република Македонија губи еден плоден прогресивен слој од државата кој всушност треба за 10-20 години што допринесува Македонија да загуби прогресивен и плоден слој, која во наредните 10 до 20 години треба да ја изнесе оваа држава малку подалеку подобар живот, да има подобри техови општеството, да се отворат реални работни места земјата во подобро живеење и социален проток”, вели Атанасов, кој повикувајки се на различни организации, како што е Светска Банка вели дека се работи за околлу 500-600 илјади иселени луѓе од земјата.
- Емиграцијата на косоварите од 2015 година, најголлем од послле војната во 1999 година-
Косовската агенција за статистика го објави извештајот за проценка на бројката на населлението за 2015 година, каде се гледа дека кон крајот на ова година имало значителлен пораст на емиграцијата. Според овој извештај, бројот на иселени Косовари за 2015 година беше 74.434 лица. И покрај тоа што билансот на миграција беше минус 55.572 и имаше природен пораст од 22.232 жители, резидентното население на Косово поради значителлната емиграција во 2015 година е намаллено за повеќе од 30 илјади жители.
Врз основа на овие податоци бројот на резедентното население на Косово изнесува 1 771.604 жители. Директорот на Одделлот за социајални статистики во Агенцијата за статистики на Косово, Башким Белача во изјава за АА изјави дека во однос на резидентното население на Косово, според податоците на објавувањето на “Косовската Миграција" од 2014 година, 21.4 отсто од населението живее надвор од Косово.
Тој додаде дека бројката е уште поголема, и дека може да се покачи после визната либерализација. Белача истакна дека најголемиот број на косовските емигранти, односно 35 отсто од нив живеаат во Германија, потоа во Швајцарија, Италија, Канада и Австралија. Како главна причина за иселувањето, во рамките на резултатите од направените истражувања, Белача изјави дека се роднинските врски, браковите и семејното обединување, после кои доаѓа вработувањето и образованието.
„Како резултат на миграцијата вллијаат повеќе фактори, како економските, социалните и политицките фактори. И човекот е како секое друго суштество, каде има подобри услови, подобар стандард, подобри примања, подобро образование, како и други прашања, се обидува да се пресели. Оваа појава не е само во Косово, туку муграција има во секоја држава ”, истакна Белача. Изјавувајќи дека Косово се издвојува од државите од регионот по тоа што има млада популлација, Белача изјави дека возраста која доминира во овој сегмент е возраста од 30-34 години, која се знае дека повеќе е наклонета на работната сила.
Аурела Спахиу, жител од Приштина која им 24 години, изјави дека би сакала да се отсели во некоја друга држава надвор од Косово, затоа што другите европски земји овозмовужуват подобри усллови за живеење.
„Невработеноста е многу голема. И ако најдеш некоја работа, платата е многу ниска, по тоа како женско успехот во кариерата е многу понизок, затоа што предрасудите кон женските се многу поголеми и професионаллноста е на ниско ниво”, изјави Спахиу.
- Емиграцијата, главна причина за пад на населението во Албанија –
Албанскиот Институтот за Статистика (ИНСТАТ) во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА), често пати реализираа разни истражувања за ситуацијата и за перспективите на населението во Албанија. Во последно време тема на овие истражувања беше „Младите во Албанија: Предизвиците во време на промени”.
Според ИНСТАТ бројот на населението во Албанија на 1 јануари 2016 година изнесува 2.886.026 што претставува намалување за 6.276 жители во споредба со истиот период од минатата година. Проценките се дека во 2015 година, од земјата се иселени 42.922 лица од кои 52.6 отсто се машки.
Емиграцијата е главната причина за падот на населението во Албанија во периодот пред 2001 година и во периодот помеѓу 2001 и 2011 година, додека младите како главна причина за иселување ја навеле невработеноста, а мали се случаите на нивно иселување поради студирање или здравствени причини.
Според студијата на ИНСТАТ динамиката на живеењето доведе до намалување на бројот на раѓањата. Поради овие причини бројот на населението во Албанија претрпе драстични измени во периодот помеѓу 1979 и 2011, што резултираше со промени во бројката на млади и деца под 15 години од 37 отсто на само 21 отсто од вкупната бројка на населението.
Се проценува дека 225 илјади млади емигрирале во периодот на цензусот помеѓу 2001-2011, главно во Италија и Грција.
Овие бројки на ИНСТАТ претставуваат значителен фактор за пад на бројката на населението за речиси 9 одсто во овој период. Заради комбинираниот ефект на зголемување на векот на живеење, намалување на плодоноста и пораст на емиграцијата кај младите, процентот на старите лица над 65 години во периодот помеѓу 1989 и 2011 година е пораснат од 5 на 11 одсто, стои во публикацијата на Институтот за Статистика за стареењето на населението.
news_share_descriptionsubscription_contact
