Daniel Gallego
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
МОСУЛ (АА) - Во самоубиствен напад на припадниците на терористичката организација ДЕАШ, во ирачкиот град Мосул загинаа седуммина војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Полковник Ахмед Ал-Џубури за АА изјави дека припадниците на терористичката организација ДЕАШ извршиле напад со автомобил-бомба врз припадниците на безбедносните сили во југоисточниот дел на Мосул. Според неговите зборови, бомбашот самоубиец ја активирал експлозивната направа веднаш штом се приближил до воената контролна точка.
Командантот на единиците за борба против тероризмот, Абдулвехаб ес Саиди, изјави дека до денес, во источниот дел на Мосул 45 населби се земени под контрола на безбедносните сили. Се истакнува дека воените акции ќе бидат продолжени сѐ додека не биде воспоставена контрола над сите населби. Саиди изјави дека терористичката организација ДЕАШ значително изгубила на сила во судирите што траат подолго од два месеца.
Реката Тигар го дели Мосул на два дела, од кои во источниот дел има стотина, а на западниот дел 83 населби.
Ирачката војска на 17 октомври минатата година започна акција за ослободување на Мосул, кој од јуни 2014 година падна под контрола на ДЕАШ. Акцијата од воздух ја поддржуваат и силите на меѓународната коалицијата предводена од САД.