Tevfik Durul
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ПЕКИНГ (АА) – Две кинески компании направија конзорциум и потпишаа договор за градење на две кули-близначки во Камбоџа, кои ќе бидат највисоките во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста во официјалниот весник на Комунистичката партија на Кина, „Народен дневник“, компаниите „Грејт вол интернејшенал“ и групацијата „Вучанг индустрија за бродоградба, Лтд.“ направија конзорциум за изградба на кулите, а тендерот го добија со понуда од 2,7 милјарди долари во Пном Пен.
Овој конзорциум го поддржаа и две фирми, од кои едната е од Камбоџа, а другата од Макао. Се очекува проектот да започне на крајот од годината, а да биде завршен до 2022 година.
Овие облакодери ќе бидат повисоки за 108 метри од засега највисоките кули „Петронас“, кои во Куала Лумпур, Малезија, а високи се 452 метри. Во кулите во Камбоџа ќе бидат изградени луксузни хотели, бизнис центри, резиденции, трговски центри и центри за рекреација.