Seyfeddin et-Trablusi,Zeynep Tüfekçi
24 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
ТРИПОЛИ (АА) - Во вчерашните операции насочени против терористичката организација ДЕАШ во либискиот град Сирт, ослободени се двајца заложници, турски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на воениот совет на Мисрата, Ибрахим Бејтулмал, за дописникот на AA изјави: „Бројката на ослободени заложници турски државјани не е еден, како што беше претходно објавено, туку двајца“.
Бејтулмал соопшти дека ослободените турски државјани во моментот се префрлени во безбедно подрачје коешто го обезбедуваат единиците поврзани со Владата на национално единство. Либиските власти се во комуникација со турската амбасада во Либија за испорака на двајцата турски државјани на Турција.
Командата на оперативните сили на единиците поврзани со Владата за национално единство коишто ја спроведуваат операцијата „Ел-Бунјан ел-Мерсус“ вчера соопштија дека во Сирт извеле операција против организацијата ДЕАШ, при што биле ослободени 13 лица, од кои еден турски државјанин.