Ekipa
02 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
ГНСТ (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел го посети Големото народно собрание на Турција (ГНСТ), јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел во Големото народно собрание на Турција беше пречекана од заменик-претседателот на собранието, Ахмед Ајдин.
На пречекот, заменик-претседателот Ајдин го изрази своето задоволство поради честа да ѝ биде домаќин на Меркел во Собранието.
„На оваа посета ѝ придаваме големо значење, бидејќи Германија е наш сојузник и најголем трговски партнер, и се надеваме дека ќе се одржат блиските врски меѓу двете земји на секое поле и уште повеќе ќе се развиваат“, рече Ајдин.
„Посакуваме развивање на односите на секое поле. Во таа насока, следната недела во посета на Турција пристигнува германско-турската пријателска група од германското Федерално собрание. Во име на парламентарната дипломатија, задоволни сме од интензивирањето на билатералните контакти. Во октомври минатата година, делегација на Комисијата за надворешни работи на ГНСТ, со цел да ги објасни настаните што се случија во Турција на 15 јули, го посети Берлин. Многу сме задоволни од блиските односи меѓу парламентите, на меѓународните асемблеи и други платформи. Сигурни сме дека овој однос на доверба уште повеќе ќе ги зајакне односите меѓу двете земји“, додаде Ајдин.
Односите и соработката во овој нов период добија на интензитет. Земајќи ги предвид изборите во Германија и референдумот во Турција, треба да ја сочуваме волјата, овој интензитет и оваа соработка да ја издигнеме на повисоко ниво.
По прес-конференцијата, средбата продолжи зад затворени врати и траеше околу 45 минути.
По средбата, Меркел заедно со својата делегација прошета во деловите на Собранието што беа бомбардирани ноќта за време на обидот за државен удар на 15 јули. Заменик-претседателот на Парламентот, Ајдин, ја информираше Меркел за настаните и за извршените напади.