Ahmet Gürhan Kartal
25 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
ЛОНДОН (АА) - Ирската пејачка Шинед О Конор објави дека се откажала од Католицизмот и преминала во Ислам со што го промени своето име во Шухада Давит, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со ова нагласувам дека сум многу горда што станав муслиманка", напиша 51-годишната пејачка на социјалната мрежа Твитер.
„Ова е природен заклучок на секое интелигентно теолошко патување. Проучувањето на сите свети писма води кон исламот, со оглед на тоа, сите се одвишок. Ќе добијам ново име. Ќе се викам Шухада", напиша таа.
О Конор минатата година го промени своето име во Магда Давит.
Таа исто така постираше видео снимка од неа во која го рецитира езанот - исламскиот повик за молитва.
Пејачката се здоби со меѓународна слава со низа албуми и синглови кон крајот на осумдесеттите години, вклучувајќи го нејзиниот хит од 1990 година, „Nothing compares 2 you."