ЕРУСАЛИМ (АА) - Фотографијата на фоторепортерот на Anadolu Agency (AA), Мустафа Хасона, фотографирана на Појасот Газа што е под блокада, на која се забележува едно палестинско момче како во едната рака го носи знамето на Палестина, а во другата чатал, стана вирална на социјалните мрежи, како и на светските медиуми, и се вели дека наликува на сликата на францускиот сликар Ежен Делакроа под името „Слободата го води народот“.
Фотографијата на Хасона што ја фотографираше за време на демонстрациите што се одржаа во понеделникот, со цел отстранување на нелегалната блокада применета во Газа, стана актуелна пред сè на социјалните мрежи, а потоа и во светските медиуми, поради тоа што наликува на сликата на Делакроа, „Слободата го води народот“, нацртана во 1830 година, која ја симболизира Француската револуција.
На сликата „Слободата го води народот“ се забележува девојка која ја симболизира слободата, и во едната рака носи знаме на Франција, а во другата пушка во која е ставен бајонет.

Привлекува внимание она што деталите на фотографијата на Хасона наликуваат на деталите од сликата на францускиот автор.
На оваа фотографија се забележува дека 22-годишниот Аид Ебу Амр во десната рака го носи знамето на Палестина, а во левата чаталот, а во преден план се наоѓа црниот чад во околината.
Откако фотографијата на фоторепортереот на Anadolu Agency (AA) стана вирална на социјалните мрежи, бројни светски истакнати медиуми, пред се „Ал Џезеира“ на англиски јазик и „Би-би-си“ (BBC), направија вест за тоа.
Фотографијата која привлече голема заинтересираност оди на пат кон станување еден од симболите на палестинскиот отпор.
- „Споделувањето на мојата фотографија ме охрабри да продолжам да учествувам на демонстрации“
Палестинското момче Ебу Амр во изјава за АА истакна дека е многу среќен поради тоа што оваа фотографија е споделена на социјалните мрежи, како и на светските медиуми.
Ебу Амр, кој е еден од илјадниците млади без работа во Газа, нагласи дека очекува преку овие мировни демонстрации да се отстрани израелската блокада, и на овој начин да се зголемат можностите за работа во Газа, и сите да живеат добар живот.
Тој рече дека постојано учествувал на демонстрациите „Маршот на големото враќање“, кои од 30 март досега се во тек во Газа, и додаде:
„Споделувањето на мојата фотографија заедно со сликата на францускиот сликар ме охрабри да продолжам да учествувам на демонстрациите“.
- „Никој не може да ни го одземе знамето“
Ебу Амр истакна дека за време на демонстрациите никогаш не ги пушта од рацете палестинското знаме и чаталот.
„Палестинското знаме никогаш не го испуштам од рака. Било да сум и цел на израелски куршум, ова знаме ќе продолжи да стои во мојата рака“, додаде тој.
Ебу Амр рече дека неговата најголема страст е еден ден да види дека сите израелски територии се ослободени од окупацијата.
„Сонувам еден ден да го поставам нашето знаме на териториите на Палестина окупирани од страна на Израел“, нагласи Ебу Амр.
Фоторепортерот на АА, Мустафа Хасона, чија фотографија стана вирална во светските медиуми, истакна дека оваа фотографија има големо значење од аспект на искажување на вистината на теренот, и веста да биде одразена кај читателот.
- „Фотографијата го одразува фактот дека Палестинците живеат на своите територии“
Хасона рече дека е важно оваа фотографија да биде споделена на социјалните мрежи поради тоа што социјалните мрежи во денешен ден се најважниот инструмент за информација и комуникација.
Тој се осврна и на тоа што неговата фотографија се споредува со сликата на францускиот сликар.
„Само што беше објавена оваа фотографија на интернет-страниците за кои станува збор, нашите странски колеги новинари ја споредија со светски познатата слика која е поврзана со револуционерната култура, и истакнаа дека фотографијата наликува многу на оваа слика. Но, оваа фотографија го одразува фактот дека Палестинците живеат на своите територии“, додаде Хасона.
Палестинците од 30 март досега, на границата меѓу Појасот Газа, кој е под блокада, и Израел, одржуваат мировни демонстрации под името „Маршот на големото враќање“.
Израелските војници отвораат оган со вистински куршуми врз цивилите што сакаат да се вратат во своите територии од каде што биле протерани и бараат да се отстрани нелегалната блокада која од 2006 година се применува во Газа.
Над 200 Палестинци го загубија животот во интервенцијата на израелските војници врз мировните демонстрации што се во тек од 30 март.