Furkan Abdula
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје, во рамките на активностите по повод месецот мухарем, (првиот месец од муслиманкста лунарна година) во Старата скопска чаршија се делеше ашуре, јавува Anadolu Agency (AA).
Денот на ашуре веќе 12 години традиционално се организира во соработка на хуманитарното здружение „Ел Хилал", и здружението „Енсар" од Скопје, со поддршка на Општина Бурса од Турција и скопската Општина Чаир.
На овој настан беа пристуни амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, Ибрахим Кахраман, директор за образовни и социјални услуги при турската Општина Бурса, претседателот на здружението „Ел Хилал", Бехиџудин Шехаби, претседателот на здружението „Енсар", Сулејман Баки, како и голем број жители на Скопје.
Ибрахим Кахраман од општина Бурса, во неговиот говор го пренесе поздравот на градоначалникот на општина Бурса, Реџеп Алтепе, и рече дека овој настан, Денот на ашуре, веќе 12 години се организира во Скопје.
„Многу сме среќни што сме тука заедно со нашите браќа. Го чувтсвуваме задоволството на споделувањето, помагањето во месецот Мухарем. И во наредните години ќе продолжиме со нашите активности во врска со ашурето“, рече Кахрман, истакнувајќи дека продолжуваат со ваквите работи во земјите од Балканот и поширокиот регион, како што се Босна, Унгарија, Црна Гора и Албанија.
Претседателот на здружението „Ел Хилал" Шехаби, информираше дека подготвиле 10 казани ашуре, при што 4.000 лица ќе имаат можност да го вкусат ова традционално благо јадење.
„Особено во овие места во кои живееме се мултикултурни и мултирелигиозни. Нашата задача е да ги заштитиме овие вредности во рамките на нашата вера“, рече Шехаби, и упати благодарност до Општина Бурса од Турција за поддршката за организација на овој настан.
Претседателот на здружението „Енсар", Баки, во својот говор кажа дека десетиот ден од месецот Мухарем има особено значење во исламската историја, и историјата на човештвото.
„Овој датум има посебно значење во текот на историјата на Божјите пратеници, како и последниот случај на Кербела, и станување шехид на Хазрети Хусеин. Божјиот пратеник Мухамед посвети особено значење на десетиот ден од месецот Мухарем. Тој препорачал да се пости на овој ден, особено ден пред или ден после десетти Мухарем“ рече Баки, истакнувајќи дека целта на денешниот настан да се почувствува единството, братството, љубовта и мирот.
По говорите беше доделено ашуре на присутните, а исто така имаше и културно-уметничка програма.
Инаку, зборот „ашуре“ поттекнува од арапскиот јазик и произлегува од зборот „ашр“, кој на арапски значи „десет“. Денот на ашуре е десеттиот ден на месецот Мухарем. Месецот Мухарем е првиот месец од новата лунарна година и е еден од светите месеци за муслиманските верници.