Ahmet Gürhan Kartal
30 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
ЛОНДОН (АА) - Неодамнешните терористички напади што се случија во Велика Британија не треба да бидат поврзувани со религија, изјави фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, јавува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за списанието „Esquire“ (Есквајер), Французинот Пол Погба, кој минатата сезона се префрли во еден од најголемите тимови во англиската Премиер Лига, од италијанскиот гигант Јувентус, ги опиша нападите во Велика Британија како многу тежок момент.
Осврнувајќи се на нападот што на 22 мај се случи на концерт во Манчестер, во кој загинаа 22 лица, Погба рече: „Тоа не е ислам и тоа секој го знае. Нема да бидам единствениот што го кажал тоа“.
„Да се убие човечко суштество... тоа е нешто лудо, и не сакам тоа да го поврзувам со религија“, додаде тој.
Фудбалерот со француско потекло е роден во 1993 година. Претходно играше за Манчестер Јунајтед, во сезоната 2011-2012, откако помина две години во младински тим.