Sorwar Alam
16 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган предупреди дека терористичките организации и државите кои спроведуваат државен терор како Израел, зајакнуваат, додека муслиманите се бават сами со себе, јавува Anadolu Agency (AA).
„Токму како што тоа беше случај и пред 100 години, повторно се прават напори исламскиот свет да се редизајнира преку крвопролевање, солзи и братоубиствени судири", порача денеска Ердоган во Истанбул.