Mücahit Türetken
01 Август 2018•Ажурирај: 02 Август 2018
ИСТАНБУЛ (AA) – Муџахит Туреткен –
Лутфи Сејбан, прфесор од Одделот за историја од турскиот Универзитет Сакарја, изјави дека Евреите, по прогонот од Шпанија во 1492 година, во Османлиското царство можеле слободно да ја изразуваат својата вера и култура.
Сејбан за Anadolu Agency (AA) рече дека главната причина за прогонот е непријателството на верска основа помеѓу христијаните и Евреите, како и тоа дека за предрасудите на шпанските власти предводени од кралицата Изабела кон Евреите, е тоа што биле од друга вера.
Додаде дека католиците покажале цврст став и кон Мудеарите (групен назив за Маурите, односно муслиманите од покраината Ал-Андалус, заб. на авт.) со кои заедно живееле по падот на Андалузија, а не само кон Евреите.
„Во ’геноцидот над муслиманите‘, до кој дојде помеѓу 1492 и 1609 година, со државна рака на Мудеарите е вршен притисок и спроведен е ‘геноцид’. Голем дел од народот беше присилен да ја смени верата, а од 1501 година, во различни периоди, и конечно, од 1609 до 1614 година беше изложен на Големиот прогон. Во тој процес, голем дел, со посредство на инквизицијата бил мачно убиен. Кога се говори за прогонот на Евреите, не треба да се заборават ниту страдањата на андалузиските муслимани кои се голема трагедија“, рече Сејбан.
Додаде дека Евреите во Шпанија опстанале благодарејќи на андалузиските муслимани.
Истакна дека Сефардите биле поробени пред муслиманските освојувања.
„Со муслиманските освојувања им е укинато ропството, и тие, како и во сите други исламски земји, така и во Андалузија, биле во дворецот, бидејќи добро ја познавале трговијата и дипломатијата“, рече Сејбан.
Тој рече дека не е позната точната бројка на прогонетите Евреи и дека тие во голем број мигрирале кон османлиската држава.
Изјави дека мал бил бројот на оние кои се населиле во европските земји, а дека повеќето мигрирале кон Северна Африка, Балканот, Истанбул, Анадолија, Палестина и Сафед.
Евреите, додаде, најмногу го населувале Солун.
„По Солун, миграциите најмногу биле кон Галата и градовите Измир и Сафед. Инквизицијата во Шпанија траела околу 300 години. Во подоцнежниот период доаѓало до миграции кон истите подрачја, но тие не биле интензивни како во прогонот во 1492 година“, рече Сејбан.
Додаде дека Османлиите ги прифатиле Евреите кои биле во тешка ситуација. Евреите, истакна, слободно живееле и ја искажувале својата вера и култура на османлиската територија. Исто така, извршувале важни економски, трговски и дипломатски функции.