Gökhan Ergöçün
25 Октомври 2018•Ажурирај: 26 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Европскиот завод за статистика (Евростат) објави извештај во кој се наведува дека за прв пат во 2017 година околу 3,1 милиони лица зеле дозвола за престој во ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Бројката на новите дозволи за престој се искачи на 4 отсто или 112.000 во 2017 година во споредба со 2016“, пишува во извештајот на Евростат.
„Дозволите за престој издадени поради вработување сочинуваат речиси една третина (32 отсто), поради семејни причини 26 отсто, поради образование 17 отсто и другите причини, вклучувајќи ја и меѓународната заштита, сочинуваат 24 отсто“, се вели од Евростат.
Повеќето од дозволите се доделени на Украинците (662.000 лица), Сиријците (223.000), Кинезите (193.000), додека Полска, Германија и Велика Британија издале најмногу дозволи 683.000, 535.000 и 517.000, односно 55 отсто.
Полска беше избрана од граѓаните што не се од земји членки на ЕУ најмногу за вработување, а Велика Британија за образование.
Додека причината за дозвола на поголемиот дел од Украинците беше вработувањето, мотивот на Кинезите беше образование, а Сиријците аплицираа барајќи бегалски статус или заштита.