Said İbicioğlu
07 Јули 2018•Ажурирај: 07 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Израелските војници интервенираа на мирните протести одржани во рамките на „Маршот на големото враќање" на границата на појасот Газа, при што се повредени 396 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ел-Кудра, во писмено соопштение истакна дека израелските војници интервенираа врз Палестинците кои одржаа демонстрации на источната граница на Газа.
Тој рече дека во оваа интервенција се повредени 396 Палестинци, од кои 3 жени и 13 деца и нагласи дека 57 лица од вкупниот број на повредени се ранети со вистински куршуми.
Кудра претходно соопшти дека 22-годишниот Палестинец Мухамед Џемал Ебу Халиме го загуби својот живот, кога израелските војници отворија оган во подрачјето на Ес-Садр кое се наоѓа во источниот дел на Газа.