Safiye Karabacak
06 Јули 2018•Ажурирај: 07 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Израелските војници интервенираа на мировните протести одржани во рамките на „Маршот на големото враќање" на границата на појасот Газа, при што се повредени 146 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ел-Кудра, во писмено соопштение истакна дека израелските војници интервенираа врз Палестинците кои одржаа демоснтрации на источната граница на Газа. Тој рече дека во оваа интервенција се повредени 146 Палестинци, од кои 24 лица се повредени со вистински куршуми.
Кудра нагласи дека 101 лице биле лекувани на граничната линија, додека 45 лица се пренесени во болница.
Тој информираше дека еден здравствен пункт на Министерството за здравство во источниот дел на подрачјето на Бурејч, бил мета на израелските војници, при што неколку здравствени работници се повредени.