Bakir Tiro
24 Октомври 2017•Ажурирај: 25 Октомври 2017
АТИНА - Олимпискиот факел за Зимските олимписки игри, кои ќе се одржат во Пјончхан (Јужна Кореја), од 9 до 25 февруари следната година, беше запален денеска во древната Олимпија, Атина, јавува Anadolu Agency (AA).
Факелот прв го презеде грчкиот скијач Апостолос Ангелис и во Грција ќе биде до 1. ноември, кога со авион ќе биде пренесен во Јужна Кореја.
Олимискиот факел на копнениот пат долг 2.018 километри ќе го носат 7.500 луѓе.
Факелот ќе патува со авион, брод, воз, едрилица, жичарница и со велосипед. До палењето на олимпискиот пламен во Пјончхан, факелот ќе го носи дури и робот.