АНКАРА (АА) – „Обидот за пуч и нападот врз Собранието на Турција, кој започна на 15 јули, беше успешно неутрализиран утрото на 16 јули“, се вели во заедничкото соопштение на турското собрание и остро се осудува обидот, наведувајќи „Треба секој да знае дека како што се случи денеска, и во иднина секоја пружена рака која ќе сака да му наштети на турскиот народ, националната волја, собранието, од спротива ќе ја најде челичната волја на Големото национално собрание на Турција (ТБММ), јавува Anadolu Agency (AA).
Собранието го објави „Заедничко соопштение на ТБММ“, потпишано од претседателот на ТБММ, Исмаил Кахраман, Претседател на АК партијата, Бинали Јилдирим, Претседателот на Републиканска народна партија (ЏХП) на Турција, Кемал Киличдароглу, Претседател на Партија на националистичко движење (МХП), Девлет Бахчели и потпретседателот на Народната демократска партија (ХДП), Идриз Балукен.
Претседателот на собранието Кахраман на вонредната седница пред Генералниот одбор на ТБММ го прочита соопштението.
„Ние, партиите АК, ЏХП, ХДП и МХП на нашиот ценет народ, национална волја, на нашата држава, особоено на пратениците, претставници на волјата на народот, го осудуваме обидот за пуч и нападот врз Собранието на Турција, кој започна на 15 јули, беше успешно неутрализиран утрото на 16 јули“, се вели во соопштението и се додадава:
„Нашиот народ беше пример за целиот свет, застана пред извршиелите на обидот за пуч и го спречија крвавиот обид за државен удар. За сметка на заштита на Република Турција и нејзините институцијата, овој ценет народ заслужува секаква пофалба и благодарност. Сите херои, кои ги дадоа своите животи за оваа цел, им се заблагодаруваме во име на турската нација и никогаш нема да ги заборавиме. ТБММ, како претставник на овој ценет и храбар народ, со власта која ни ја додели, ја извршуваше својата должност под бомби и куршуми, со што уште еднаш покажа дека ова Собрание е достојно на овој народ."
„Не треба да се заборави дека ТБММ раководеше со ослободителната војна, го реализираше демократскиот преод на Турција, со години го спроведува демократскиот парламентарен систем и е Собрание кое со својата борба успеа народот од немаштија и сиромаштија го издигнаа на ниво на современата цивилизација. Собранието како една душа и едно тело, зазеде достоинтвен став наспроти обидот за државен удар. ТБММ покажа голема решителност кон застрашувачкиот обид за државен удар, што е многу значајно за воспоставување и развој на демократијата во Турција. Треба секој да знае дека како што се случи денеска, и во иднина, секој кој ќе пружи рака кон турскиот народ, националната волја, собранието, од спротива ќе ја најде челичната волја на Големото национално собрание на Турција“, стои во заедничката декларација на ТБММ.
- „ТБММ како едно тело ја извршува својата обврска“ Во соопштението, со цел народот да не ја изгуби вербата во демократијата, ТБММ ги потенцираше следните точки:
„Сите политиски групи во Собранието покажаа заеднички став и со заеднички јазик, и ова заедништво против обидот за државен удар е историски, значаен и ќе се памети во историјата. Овој заеднички став и јазик, ќе ги зацврсти народот и националната волја. ТБММ ја извршува својата должност како една душа. Националното собрание, извршителите на нападот врз народот и независноста, во правни рамки, најоштро ќе ги казни. Оваа соопштение е конкретен доказ дека во иднина во Турција ништо нема да биде како во минатото. Четирите партии, иако се со различни ставови, со сите наши пратеници, со сите државни органи, сме покрај националната волја, и сите заедно ја подржуваме националната волја и секогаш ќе ја поддржуваме. Народот нека остане единствен."
„Националното собрание и пратениците, она што народот им го довери нема да го загуби, ниту ќе го загуби. Уште еднаш го осудуваме нападот врз демократија, народот, и возвишеното Големото национално собрание на Турција на народната волја. Го молиме народот, да биде далеку од насилните дела кои недоликуваат на нашата држава и кои ги надминуваат границите на демократија. Загинатите херои во обидот за државен удар, ќе ги спомнуваме со почит, благодарност и милост, а на ранетите им посакваме поскоrо закрепнување. Упатуваме поздрав до сите пријателски и братски земји, кои во овој тежок момент испратија пораки на поддршка, и застанаа покрај Турција и нејзинот ценет народ. "
Претседателот на ТБММ, Исмаил Кахраман, по завршените средби, закажа нова седница на 19 јули во 15:00 часот.
news_share_descriptionsubscription_contact
