A. Eda Ünlü Özen
16 Јули 2016•Ажурирај: 17 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим, во својот говор на вонредната седница на Парламентот истакна дека денес е нов ден, ден кога 79 милиони луѓе се едно, говорејќи: „Денес е ден кога 'AK Parti, MHP, CHP и HDP', како и сите политички парии надвор од Собранието едноставно кажаа 'Не на ударот', ден кога ја одбранета демократијата. Верувам дека солидарноста претставена во текот на ноќта и денес е почеток а еден таков процес. Со тој дух ќе го победиме и тероризмот, со тој дух ќе ги залечиме раните. Денес е денот на повеќебројни надежи кои следат по болните настани", нагласи турскиот премиер Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA)
„Оние што се обидоа да направат удар, самите добија удар. Петнаесетти јули е веќе денот на сочувување на демократијата. Денес е ден на сеќавање, ден на прослава на демократијата, нека е со среќа. Ниту еден од оние кои се обидуваат да организираат или да направaт воен удар нема да останат неказнети. Се надевам дека никој нема ни да помисли да ја крене раката на куќата на народот и волјата на народот. А доколку ќе има такви кои ќе го помислат и тоа, ќе се сетат на оние чиј живот е згазнат и ќе се откажат", рече Јилдирим.
На вонредна седница одржана денеска покрај високи официјални претставници на земјата присуствуваше и Хуслу Акар, начелникот на Генералштабот на Турција.