АНКАРА (АА) – Жири-комисијата на "Istanbul Photo Awards 2017", меѓународниот натпревар во новинарска фотографија, кој по третпат се организира од страна на Anadolu Agency (АА), се собраа во Кападокија со цел да ги утврдат победниците на натпреварот, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој натпревар спонзориран од страна на „Туркиш ерлајнс“ и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), не е само натпревар за фотографија, туку истовремено прерасна во настан од областа на фотографијата којшто ја промовира Турција. Поради тоа, беше донесена одлука средбата на жири-комисијата на „Istanbul Photo Awards 2017“ да се одржи во Кападокија, која се карактеризира со едни од најмаркантните природни убавини во светот. Жири-комисијата ќе ги утврди победниците од натпреварот во категориите: новинарска фотографија, спорт, портрет, природа, како и „награда за фоторепортери помлади од 28 години“.
Меѓународните членови на жири-комисијата започнаа со нивната 3-дневна работа со цел да ги утврдат првите три места/победници меѓу фотографиите кои поминале од квалификациите во осумте категории. Фотографијата која ќе биде прва во категоријата за единечна фотографија, ќе ја освои наградата „Фотографија на годината“. Оваа година за првпат ќе се даде наградата „Млад фоторепортер“ на фоторепортерите помлади од 28 години.
- Работилници, конференција и изложба -
Anadolu Agency оваа година додава две комплементарни активности во средбата на жири-комисијата. По средбата на жири-комисијата, од 24 до 26 март во Истанбул ќе се одржат "Istanbul Photo Awards Workshop" и "Istanbul Photo Awards Talks".
Првата активност поддржана од страна на Универитетот „Мимар Синан“ ќе биде Istanbul Photo Awards Workshop. Вкупно 16 лица, млади фоторепортери на АА и фоторепортери од национални медиуми, како и студенти од одделот за фотографија при Универзитетот за современа уметност „Мимар Синан“ ќе учествуваат во оваа работилница. Стенли Грин и Јури Козарев од Агенцијата за фотографија НООР, ќе ги споделат своите искуства со учесниците во работилницата.
Јури Козирев и Стенли Грин, на 26 март 2017 година ќе се сретнат со љубителите на фотографијата собирот под наслов Istanbul Photo Awards Talks, кој ќе се одржи на Универзитет за современа уметност „ Мимар Синан“.
Првата изложба, на која ќе бидат изложени фотографиите кои ќе освојат награда од овогодинешните İstanbul Photo Awards, ќе се отвори на 2. април во Топхане-и Амире.
- Жирито составено од познати имиња -
Меѓународното жири на натпреварот како и во претходните години се состои од познати имиња од полето на новинарската фотографија. Дел од жирито во 2017 година се уредничката на дигиталниот сектор на списанието „Париз меч“, Марион Мертенс, познатиот фотограф на Агенцијата „Хуп“, Јури Козирев, фоторопортерот на „Гети имиџис“ во областа спорт, Камерон Спенсер.
Мертенс од 1998 година работи во списанието „Париз меч“. Таа претходно, 15 години беше заменик-уредник на вестите во списанието. Мертенс која ги менаџира интернет, таблет и мобилните формати на списанието, претходно 15 години работела како помошен уредник на вестите во списанието. Кариерата ја започна во „Гама прес имиџис“, а потоа во „Ле фигаро“, „Експрес“ и „ВСД“, пред да започне во „Париз меч“.
Како еден од најуспешните спортски репортери на „Гети имиџис“, Камерон Спенсер ќе биде еден од најзначајните членови на жири-комисијата на „Istanbul Photo Awards 2017“. Спенсер од 2004 година досега работи како професионалец на полето на спортската фотографија, како и на портрет-фотографијата. Значајни ќе бидат коментарите на овој познат фотограф при квалификациите во категориите за единечна фотографија и за сериски фотографии од областа спорт.
Познатата кураторка за мултимедијални проекти, Лиза Фактор, АФП директорот за дистрибуција на фотографии и развој на бизнисот, Мајкл Ското, директорот на шангајскиот центар за фотографија, добитник на Пулицерова награда, фоторепортерот Ли Хеунг Шинг, фоторепортерот и консултант за визуелни медиуми, Жорж де Керле, главниот и одговорен уредник за визуелни вести на АА, Ахмет Сел и уредникот на фотографија на АА, Фират Јурдакул се останатите членови на жири-комисијата на овогодишниот натпревар.
- Аплицираат најдобрите новинарски фотографи на светот -
Фотографијата „Плачот за помош на сириските деца“, од Абд Думани, минатата година ја освои наградата „Фотографија на годината“ на меѓународниот натпревар за новинска фотографија „Istanbul Photo Awards“.
Фотографијата „Бегалци“ на Сергеј Пономарев од весникот „Њујорк тајмс“ го освои првото место во категоријата за единечна фотографија, а подоцна ја освои и Пулицеровата награда.
Претходната година, добитник на наградата „Фотографија на годината“ беше фотографијата на Даниел Берехулак, фотографирана во Либерија, при епидемијата на ебола. По добивањето на наградата „Istanbul Photo Awards 2015“, организиран од страна на АА, Берехулак подоцна ја освои и Пулицеровата награда.
news_share_descriptionsubscription_contact
