Sibel Uğurlu
19 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
КАРАМАН (АА) - Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу изјави дека турските вооружени сили во изминатите шест месеци извеле вкупно 11.738 операции против терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на церемонијата на доделување на дипломите на дипломираните на полициската академија во Караман, министерот Сојлу ја истакна храброста и посветеноста на припадниците на турските безбедносни сили во борбата против тероризмот.
„Во изминатите шест месеци се спречени 153 големи инциденти, фатени се четири бомбаши-самоубијци и 21 осомничен за време на подготовките за изведување на терористички напади. Запленети се и 22 возила полни со експлозив”, изјави турскиот министер Сојлу.
Осврнувајќи се и на операциите против терористите на ПКК во клучните подрачја Дијабакир и Мардин, Сојлу изјави дека на тоа подрачје се уништени најмалку 800 терористички засолништа.
„Во тек се и опсежни мерки за контрола на сообраќајот за да се намали просторот за делување на терористите и нивните поддржувачи. Оваа година безбедносните сили извршија контрола на 7,72 милиони возила и покренаа правни постапки во 92.519 случаеви”, изјави Сојлу.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. Покрај Турција, ПКК дејствува и во северниот дел на Ирак и Сирија, каде што делува ПЈД/ЈПГ - огранокот на ПКК.
Станува збор за организација којашто подолго од три децении спроведува воена кампања против Турција, а таа кампања ја интензивираше во 2015 година.