Duygu Yener
11 Јуни 2018•Ажурирај: 11 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во врска со податокот дека економскиот раст на Турција во првиот квартал од оваа година изнесува 7,4 отсто рече дека и покрај сите економски напади и игри Турција го продолжува својот раст, пренесува Anadolu Agency (AA).
„И покрај сите економски напади и игри кои се играат, врз основа на стабилната макробаза, продолжуваме со моќниот економски раст“, порача Ердоган.
Тој преку социјалната мрежа Твитер сподели објава за процентот на економскиот раст на Турција.
„По економскиот раст од 7,4 отсто што го остваривме во 2017 година, и 2018 година ја започнавме забрзано. И покрај сите економски напади и игри кои се играат, врз основа на стабилната макробаза, продолжуваме со моќниот економски раст! Турската економија во првиот квартал од 2018 година порасна за 7,4 отсто. Први сме меѓу земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), а втори меѓу земјите од Г-20. Продолжуваме да бидеме една од земјите во светот со најбрзо растечка економија“, наведе турскиот претседател во пораката на Твитер.