Nurhan Çorlu
11 Јуни 2018•Ажурирај: 11 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва во Истанбул порача дека Турција е гласот на сите угнетувани во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со сето срце веруваме дека сме во право и дека ќе победиме. Ако даде Господ, историјата овој пат нема да забележи победа на посилниот, туку на оној кој е во право“, рече Ердоган во своето обраќање пред околу 100.000 граѓани во Истанбул.
Турскиот претседател потсети дека во Палестина секојдневно жртви на масакри се деца, жени, инвалиди во инвалидски колички, медицински сестри кои им помагаат на повредените.
„Ционистичката израелска власт не им дозволува на Палестинците да дишат“, нагласи Ердоган потсетувајќи и на трагедијата низ којашто минува сирискиот народ.