Sena Güler
30 Ноември 2018•Ажурирај: 30 Ноември 2018
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес присуствува на специјалната сесија одржана во рамките на Самитот на лидери Г20 во главниот аргентински град Буенос Аирес, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател пристигна денес во Буенос Аирес за да присуствува на Самитот Г20.
Аргентинскиот претседател, Маурисио Макри, кој е претседател на овогодишниот Самит Г20, им посака добредојде на лидерите Г20 во центарот Коста Салгуеро.
Подоцна Ердоган и другите лидери на земјите присуствуваа на специјалната сесијата насловена „Фер и оддржлива иднина".
Пред сесијата, турскиот претседател имаше краток разговор со неговиот американски колега, Доналд Трамп.
Лидерите на Г20 исто така ќе присуствуваат на отворањето на самитот, каде аргентинскиот претседател Макри, по сесијата ќе има свое обраќање.