Faruk Zorlu
30 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека повлекувањето на Соединетите Американски Држави (САД) од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF) може да предизвика неконтролирана трка во вооружување, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на Самитот на лидерите Г20 во главниот аргентински град Буенос Аирес, Путин изјави: „Повлекувањето од договорот INF, може да создаде ризик од неконтролирана трка во вооружување“.
Во врска со нуклеарниот договор со Иран, Путин ги повика САД да спречат создавање на нови тензии во врска со иранската нуклеарна програма.
Договорот за нуклеарни сили од среден дострел беше потпишан во 1987 година од страна на тогашниот генерален секретар на Советот, Михаил Горбачев и американскиот претседател Роналд Реган.
На 21 октомври американскиот претседател Доналд Трамп ја објави својата намера за повлекување од договорот.
На првата сесија од Самитот Г20 ќе се разговара за човечките вредности, глобалната економија, иднината на бизнисот и еманципирање на жените.
Втората сесија ќе се однесува на оддржлив развој и клима, додека на третата сесија ќе се дискутира за инфраструктурата, енергетиката и иднината на оддржлива исхрана.
Заедничката декларација се очекува да биде објавена утре, на крајот од самитот.