Michael Hernandez
30 Ноември 2018•Ажурирај: 30 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Лидерите на Канада, Мексико и САД денес во рамките на самитот Г20 во Буенос Аирес потпишаа ревидиран договор за слободната трговија, кој ќе ги одредува правилата на регионалната трговија вредна 1,2 милијарда долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателите Доналд Трамп и Енрике Пена Нијето и премиерот Џастин Трдуо потпишаа договор меѓу САД, Мексико и Канада, со кој ќе биде заменет 25 годишниот Северноамерикански договор за слободна трговија (НАФТА).
Трамп го поздрави како една од најважните и најголеми трговски договори во историјата на САД и светот.
„САД, Мексико и Канада така добро соработуваа на изработката на овој прекрасен документ. Ужасни НАФТА наскоро ќе исчезне. USMCA ќе биде фантастичен за сите“, изјави Трамп.
Но, иднината на договорот и понатаму е неизвесна. Затоа ќе биде потребна согласност на законодавните власти на сите три земји, а таа е посебно дискутабилна во американскиот Конгрес, каде демократите, кои имаат мнозинство, изразија загриженост поради работната и еколошка заштита.
Додека Трамп позитивно зборуваше за договор, Трудо повторно ги повика да го укинат данокот на увозот на челик и алуминиум од Канада.
На својот последен ден во улогата на претседател Пена-Нијето изјави дека договорот ги унапредува.