Yusuf Özcan
30 Ноември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
ПАРИЗ (AA) - Францускиот претседател Емануел Макрон кратко разговараше со саудискиот престолонаследник Мухамед Бин Селман во рамките на Самитот на Г-20 во Аргентина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што се дознава, францускиот претседател побара од саудискиот лидер вклученост на меѓународни експерти во истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Исто така, Макрон пред Бин Селман ја нагласил потребата за транзиција кон политички процес за кризата во Јемен.
Француските медиуми, цитираа извори од Елисејската палата, наведувајќи дек речиси сите европски лидери ги делат истите ставови за убиството на Кашоги, како и дека ќе дејствуваат заедно.
За време на Самитот, вниманието го привлече срдечниот поздрав меѓу рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот принц Мохамед бин Селман.
Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ убиен е на 2 октомври во зградата на саудискиот Конзулат во Истанбул. Турското обвинителство откри дека Кашоги е задавен веднаш по влегувањето во Конзулатот, а дека неговото тело е исечено на парчиња и уништено.
Властите на Саудиска Арабија потоа признаа дека Кашоги е убиен, а не дека го напуштил Конзулатот, како што првично тврдеа. Истрагата за случајот и понатаму е во тек, со акцент на потрагата по посмртните останки на Кашоги.