????? ??????????-???????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
АНТАЛИЈА (АА) – Тим на фотоновинари на Anadolu Agency состави колекција на најимпресивните погледи од воздух на турската јужна покраина Анталија, домаќин на престојниот Г20 Самит. Самитот е закажан за 15 и 16-ти ноември, и ќе се одржи под покровителство на турското Претседателство во Конвенцискиот центар на Regnum Carya хотелот. Настанот ќе спои околу 13.000 официјални лица и делегати од земјите членки.
Се очекува самитот да го следат околу 3.000 новинари од целиот свет. Колекцијата на фотографии ги покажува природните и историски богатства на Анталија, како и античките градови Фазелис, Аспендос, Перга и Сиде како и Храмот на Аполон, потоа анталиската позната плажа Коњаалти, нејзиниот замок, водопадите Дуден и секако анталиските пространи голф терени. Г20 е прв форум за своите 19 земји членки и ЕУ.
Претседавачот со групата Г20 секоја година кани земји, гости на Самитот. Г20 е формиран во 1999-та година како состанок на министрите за финансии и гувернерите на Централната банка заради последиците од азиската финансиска криза. Потоа, во 2008 година се одржува првиот самит на лидерите од Г20 кој одигра клучна улога за справувањето на земјите - членки со глобалната финансиска криза. Оттогаш, лидерите на Г20 се сретнаа деветпати.