????? ??????????-???????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
ЧАНАККАЛЕ, Турција (АА) – Четиринаесетмина се удавија во близина на западниот брег на Турција кога чамец преполн со бегалци потона во раните утрински часови во средата, изјави турската крајбрежна стража, јавува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот претставува најголема трагедија која ги зафати бегалците кои се обидуваат од Турција да стигнат до грчките острови, често во несигурни чамци.
Патрола на крајбрежната стража го пронајде чамецот близу до брегот на областа Ајвачик во покраината Чанаккале, на околу 10 километри од Лесбос, во 02:00 часот по локално време.
Меѓу загинатите има и седум деца. Крајбрежната стража успеала да спаси 27 патници од потонатиот чамец.
Не се познати причините што го предизвикале потонувањето на чамецот. Националноста на жртвите допрва ќе се објави. Нуркачите од Крајбрежната стража ја пребаруваат областа околу местото на несреќата.