????? ??????????-???????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун ќе ја посети Турција од петок до понеделник за да учествува на самитот на Г20 и да одржи „тет -а- тет“ средби, изјави во средата неговиот гласноговорник, јавува Anadolu Agnency (AA).
Стефан Дујариќ рече дека во распоредот на Бан е неговото учеството на работната сесија на самитот, „за развојот и климатските промени, стратегиите за растот и вработувањето, како и тероризмот и бегалската криза.
Дујариќ рече дека Бан ќе одржи билатерални состаноци со светските лидери, вклучувајќи и средба со турскиот Претседател Реџеп Таип Ердоган.
Лидерите на главните економии на Г20 на САД, Русија, Кина и Јапонија, ќе пристигнат во медитеранскиот град и одморалиште Анталија, во недела и понеделник за да дискутираат за глобалната економија на десеттиот по ред состанок на групата.
Турција, моменталениот претседавач со групата, објави дека во текот на својот мандат ќе се фокусира на постигнување голем развој преку заедничко делување.