????? ????????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
МАНИСА (АА) - Во местата Чаталџам и Кираз, во близина на турскиот град Маниса, пронајдени се повеќе од 100 тони резерви на злато, јавува Anadolu Agency (AA).
Откритието ги израдува жителите кои сметаат дека ова ќе допринесе кон развивање на ова подрачје каде моментално живее голем број на невработени лица. Токму големата невработеност беше причина за иселување на населението, но залихите на злато би можеле многу да допринесат за нови бизнис можности како и за зголемување на цената на земјиштето.
Златото е пронајдено во близина на градот Сома, кој е познат по рурадската несреќа во 2014 година, кога загина 301 рурар, а сега ќе биде познат и по големата количина на пронајденото злато.
“Кога се говори за Сома прво се мисли на рудникот на јаглен. Но, сега разбравме дека поседуваме посебно богаство како што е златото” , изјави Хасан Ергене, градоначалник на општина Сома.
Тој додаде дека во Сома живеат многу способни инженери, техничари, но и друго квалификувано население.
“Златото е пронајдено во близина на местото Кираз. Инаку, тоа е познато по својата непристапна конфигурација, каде живее мал број на жители. Младите се во потрага за работа во побогатите подрачја. Верувам дека овие резерви ќе го вратат животот на оваа територија” , рече Ергене.
“Откако министерот на енергетика и природните ресурси на Турција, Али Риза Алабојун соопшти дека е пронајдено злато, телефоните не престануваат да sвонат” , рече локалниот функционер Хасан Коџатепе.
Инжинер на фирмата која се занимава со ископување на злато Енгин Уста, кажа дека златото се бара на површина од 44 километри квадратни и на 10.000 метри длабочина.