Erbil Başay
08 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - На најмалку трoјца новинари кои сакале да го следат Самитот на лидери на Г20 кој вчера и денес се одржа во германскиот град, Хамбург, одземени им се акредитациите поради безбедносни причини, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на весникот „Weser Kurier" се наведува дека му е одземена акредитацијата на фоторепортерот Рафаел Хејгстер кој требаше да го следи самитот Г20, и дека не е дадено образложение за овој акт.
Од друга страна, весникот „Junge Welt" соопшти дека на новинарот Вил Ефенберг му се одземени документите за акредитација од рака при влез во прес-центарот на самитот, и не му било дозволено да влезе во прес центарот.
Според германските медиуми, можно е да им се одземени акредитациите и на други новинари.
- Соопштение на одделот кој врши безбедносна истрага
На официјалниот Твитер профил на Канцеларија за федерален криминал (БКА) која врши безбедносна истрага, беше објавено соопштение во врска со случајот.
Според ова соопштение, одземањето акредитации била заедничка одлука на Федералниот оддел за прес и безбедносните единици. Според тоа, како што се наведува во соопштението, одземени се акредитациите на двајцата новинари.
Од друга страна, новинарот Бјрон Кицман на Твитер обавил дека лице надлежно од БКА му ја одзело акредитацијата при влез во прес-центарот на Г20, и напишал дека не му ја кажале причината за тоа.
Претседателот на Сојузот на германските новинари (ДЈВ), Франк Уберал го критикуваше овој акт на безбедносните единици.