Meryem Göktaş
26 Декември 2018•Ажурирај: 27 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека не треба да се очекува правда од Обединетите нации, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не очекувајте никаква правда од Советот за безбедност на ОН и од ОН, не ја барајте, не постои такво нешто таму“, изјави Ердоган на церемонијата за доделување награди за Научниот и технолошки истражувачки совет на Турција (TUBITAK) и турската Академија за наука (TUBA).
Ердоган изјави дека на муслиманите не им е дадено правото да зборуваат за нивните прашања и меѓународни проблеми во Советот за безбедност на ОН.
„Фактот што исламскиот свет со популација од 1,7 милијарди луѓе, нема ниту една постојана членка во Советот за безбедност на ОН, е резултат на нерегуларност во таа организација“, додаде тој.
Турскиот претседател нагласи дека тоа е причината поради која тој повикува на реформи во Советот за безбедност на ОН, под неговиот слоган „светот е поголем од пет“.
„Светот е поголем од пет“, е познат слоган кој турскиот претседател Ердоган постојано го користи мислејќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД.